7.8 C
Skopje
Wednesday, February 28, 2024

МВР: Пет лица повикани на разговор за нападот врз Елвис Бајрам

Министерството за внатрешни работи денес ја информираше јавноста поради инцидентот кој се случи синоќа во скопската општина Шуто Оризари, каде настрада актуелниот градоначалник и кандидат за иден градоначалник на општината, Елвис Бајрам.

Како што велат од МВР, пет лица кои учествувале во тепачката биле повикани на разговор, со цел да се соберат доволно докази за понатамошно расчистување на случајот.

„Во врска со вчерашниот случај на физичка пресметка помеѓу повеќе лица, кој се случи на ул. Гвадалахара во населбата Шуто оризари, Министерството за внатрешни работи информира дека веднаш по добиената пријава за нарушување на јавниот ред и мир, превземени се мерки за расчистување на кривично-правниот настан. Идентификувани се и повикани на разговор пет лица кои учествувале во тепачката и во постапка е прибирањето докази за понатамошно постапување.

Министерството за внатрешни работи најостро ги осудува сите облици на насилство, а особено во текот на изборната кампања. Изборниот процес е наменет за преставување на кандидатите и нивните програми и министерството смета дека тоа е единствениот начин преку кој граѓаните треба да бидат запознаени со учесниците во изборниот процес. Секаков обид за нарушување на демократскиот изборен процес и загрозување на безбедноста на граѓаните ќе биде соодветно санкциониран.“

Инцидентот се случил додека Бајрам вршел средби со граѓаните во рамки на предизборната кампања, кога некој одзади го удрил со метална шипка во пределот на главата, по што му нанел тешки телесни повреди.

Елвис Бајрам досега има два мандати во општина Шуто Оризари, а на овогодинешните локални избори ќе се бори за трет.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -