Тимот на Челси доби шокантна вест откако Фудбалскиот сојуз на Шпанија потврди дека напаѓачот Алваро Мората здобил повреда на препоните. Се очекува играчот да биде надвор од терените повеќе од еден месец.
Мората во саботниот дуел со Манчестер Сити го напушти теренот во 35. минута, а по завршувањето на натпреварот, стратегор на Челси, Антонио Конте призна дека ризикувал со Мората затоа што и пред натпреварот имал проблеми.
Мората беше испратен на магнетна резонанта, на која се увиде дека напаѓачот има повреда на левите препони и се очекува да биде надвор од терените околу шест до осум недели. Фантастичниот напаѓач беше повлечен и репрезентативниот состав против Албанија и Изреал.
Шпанскиот напаѓач летото се пресели во Челси од Реал Мадрид за сума од 57 милиони евра. Доколку Мората биде отсутен подолг временски период, може да се постави прашањето зошто италијанскиот стратег не донесе уште некој напаѓач кога се знаеше дека Диего Коста ќе го напушти „Стемфорд бриџ“.