По синоќешната тепачка во Шуто Оризари, во која настрада градоначалникот на општината Елвис Бајрам, се огласи и кандидатот за иден градоначалник од редовите на СДСМ, Курто Дудуш. Според него тепачката први ја започнале Елвис и неговите пајташи како што вели тој, пред штабот на СДСМ. Дудуш повикувајќи се на очевидци, Бајрам со неколку негови приврзаници отишле пред куќата на симпатизер на СДСМ, по што започнале да ги одлепуваат партиските плакати.
„Прво ги видела жената, која им се развикала да не ги кинат плакатите, а Елвис Бајрам и неговите бодигарди почнале да ја навредуваат. Таа го викнала својот сопруг, дошле и соседите и почнала меѓусебна расправија која потоа преминала во тепачка. Меѓу повредените бил и сопственикот на куќата, односно дуќанот во чии простории бил штабот на СДСМ“, изјави Дудуш за Макфакс.
Елвис синоќа беше хоспитализиран во градската болница „8ми Септември“ во бесознание, откако наводно биле нападнати со метални шипки.