Американскиот милијардер, Џорџ Сорос, после победата на Републиканската партија, на изборите во САД, претрпе голем губиток на пари, околу една милијарда долари.
Како што пренесува „Волстрит журнал“ откако Трамп победил на изборите, американскиот индекс на берзата ја загубил вредноста, но потоа следувал неочекуван пресврт, па акциите почнале да се зголемуваат во просек од 10% на ден.
Извори блиски со Сорос, тврдат дека тој очекувал пад на вредноста на берзанскиот индекс, но се случило спротивно сценарио. Растот којшто следел, негативно му влијаел на неговиот фонд.
Сорос за време на кампањата, отворено ја финансираше Хилари Клинтон, па не е за чудење неговата скептичност по прашањето за состојбата на пазарите по победата на Трамп. Тој после победата на Трамп на изборите остро ги критикуваше републиканците, обвинувајќи дека Доналд е диктатор, а ја предупреди државата дека ќе има последици по здравјето на демократијата.