Тренерот на Арсенал Арсен Венгер во изјава за британските медиуми зборуваше за можноста Барселона да заигра во Премиер лигата.
Евентуално разделувањето на Шпанија од Каталонија би довело до големи промени во шпанскиот фудбал. Претставникот на Барселона Жозеп Мариа Бартомеу кажа дека во случај на отцепување на Каталонија би можело да ја напушти Премиера, па се поставува прашањето во која лига тогаш би играле Меси и друштво.
Една од опциите е – Англија.
“Ако Барселона сака да се приклучи во Премиер лига, тоа ќе ја отежни работата. Тоа е интересно и ќе има инциденти во спортска смисла. Би било интересно да се види како тие би одговорили на играта во нашето првенство. Имаме доволно клубови (20), но ако сакате да се зголемат на 24, пред шпанските мораме да ги повикаме шкотските клубови, рече Венгер.
Негде се споменува и можноста за формирање на каталонското првенство, но тука Барселона би била без конкуренкција, па со самото тоа таа идеја и не е толку привлечна.

