8.8 C
Skopje
петок, декември 5, 2025
spot_img

САД протераа 15 кубански дипломати

САД ја информираа кубанската влада дека е донесена наредба за заминување на 15 дипломати од кубанската амбасада во Вашингтон.

Од Стејт департментот велат дека овие лица имаат рок од седум дена да ја напуштат земјата.

Наредбата уследи за помалку од една недела откако Стејт департментот објави дека ќе го повлече целиот несуштински дипломатски персонал од Куба како реакција на „нападите по здравјето“ на 22-ца американски дипломати во Хавана.

Во соопштение објавено во вторник државниот секретар Рекс Тилерсон ја објасни одлуката за протерување:

„Одлуката е донесена заради неуспехот на Куба да преземе соодветни чекори за заштита на нашите дипломати во согласност со нејзините обврски преземени со Конвенцијата од Виена“, кажа Тилерсон. „Оваа наредба ќе обезбеди реципротитет во нашите дипломатски операции“.

Повеќе за ова на следниот линк Глас на Америка

поврзани објави

Последни објави