„Македонската економија е без кормило и се работи целосно без план.
Инвеститорите се уценувани, секојдневно криминалот на улиците цвета, додека граѓаните се осиромашуваат.
Македонија не е веќе позната по добрите вести туку по негативните и црни економски извештаи и биланси.
На Македонија со владата на СДС не и бега рецесија и огромна сиромаштија.
Животот на СДС значи беда за обичните граѓани.
Катастрофалните политики кои ги води владата на СДС во овие четири ипол месеци донесе хаос и уривање на системот во државата.
Неспособноста и лагите на СДС се видливи на секое поле во економијата.
Заев ветуваше „живот“ и 500 евра плата а после долг период на раст, СДС успеа да ја намали просечната плата за 1.3%, два месеци по ред.
Кризата се почувствува и во фирмите. Се бележи пад во Бруто-домашниот производ за 1.8%.
Намалениот БДП значи дека целокупната економија произведува помалку од минатата година.
Откако СДС дојде на власт нема ниту една странска инвестиција.
Инвеститорите се исплашени и размислуваат да ја напуштат државата. Тоа придонесе пад на директните странски инвестиции за 100 милиони евра.
Се огласи и Народната банка. Таа потврди пад на активноста на банките за 1.6%.
Резултатите од лошата економска политики на СДС ја почувствуваа сите граѓани во Македонија.
СДС успеа да ги задолжат граѓаните за 420 милиони евра. Пари кои беа расипнички и неодговорно потрошени. Единствено нешто што граѓаните видоа од тие пари беше луксузирање и партиско вработување.
Ваквото расипничко и неодговорно владеење ќе го казнат граѓаните на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.