5.8 C
Skopje
среда, октомври 29, 2025
spot_img

Кавадарци: Се степале за место за продажба на пиперки !?

spot_img

Тепачката во Кавадарци била за место за продажба на пиперки, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, за групната тепачка која се случи попладнево на градскиот пазар во Кавадарци.

– Во тепачката учестувале две групи. Двајца браќа од Росоман и тројца браќа од кавадаречкото село Шивец. Случајот се води како нарушување на јавниот ред и мир, вели Додевски.Веднаш реагирала и Брзата помош од градот.

– Бидејќи еден повреден се жалел на болки во главата и е неопходно негово набљудување бидејќи последици можат да се јават и подоцна, пренесен е во кавадаречката општа болница, во свесна состојба. Таму продолжува следењето на неговата здравствена состојба, изјави д-р Вера Соколова, началник на Службата за итна медицинска помош при Здравствен дом Кавадарци.

Извор: ТВ Стар

поврзани објави

         

Последни објави