Португалскиот стручњак Жозе Мурињо во два наврати ја водеше екипата на Челси, но и во двата анврати својата авантура ја заврши со отказ на Стемфорд Бриџ.
Мурињо минатата година одлучи да го превземе кормилото на Манчестер Јунајтед и да им докаже на сите дека е уште еден од најдобрите тренери на светот. Португалскиот експерт денес во англиските медиуми се огласи откако претходно Кевин Де Брујн изјави дека станал врвен играч бидејќи на време заминал од Челси.
Оваа изјава очигледно не му се допаѓа на Мурињо кој одлучи да се огласи и да ја открие вистината. Португалскиот стручњак изјави дека Де Брујн бил прекрасен играч, но дека никогаш не би можел да игра во екипата која тој ја води, поради што подоцна објасни зошто на крајот го продал на Волфсбург.
“Од своите играчи очекувам да бидат војници на теренот без обзир дали некој е повеќе талентиран или не. Де Брујн ме одушеви со својата игра кога пристигна во мојот тим, но со своето однесување успеа да расипе се. Едноставно, очекував многу повеќе од него, но тоа не го добив. Иако велат дека сум донел погрешна одлука што сум го продал мислам дека немаше друг излез, вели Мурињо.
„Играчи со таков став не сакам во мојата екипа“, додаде тој.