Летово за мене беше кобно, затоа што ја водев најголемата битка – битката со животот. Но благодарение на сите вас кои ми помогнавте, од само 5% шанси дадени да преживеам, јас сум уште тука и храбро се борам, а имам уште многу малку до целта.
После месеци поминати во болница запознав многу луѓе херои кои за мене беа инспиративни. Меѓу нив беше и едно девојченце кое поради канцер почнува трајно да ја губи својата коса. Нејзините родители ме информираа дека аплицираат за донација за коса со цел да добијат природна перика, преку една организација која изработува перики специјално за деца што патат од слични болести.
Јас знам како е кога некој ќе ти пружи рака во вакви моменти, па нели љубовта со љубов се враќа. Денес решив мојата коса да ја донирам на организацијата “Locks of Love” , а од неа ќе биде изработена перика за деца на кои сигурно им е потребна многу повеќе од мене!
Се надевам дека ова барем малку ќе им даде мотивација на овие дечиња да се изборат со болеста и повторно да се смеат!
Ви благодарам за љубовта, помошта и поддршката на сите вас кои досега ми помогнавте.
Мојата ситуација напредува, за да можам да се вратам во Македонија и таму да ги продолжам терапиите потребно е да се направат неколку неколку битни испитувања кои ќе покажат дали сум во состојба да патувам. За жал лимитот на моето осигурување е надминат уште во првиот месец и сега сите интервенции се со copay- наша доплата која мора да ја собереме сами. Се надевам дека ќе успеам до целта, кога стигнав толку далеку.
Овде може да донирате, имаме уште малку до целта!
https://www.gofundme.com/sr5vm-danches-traumatic-head-injur…
?Нлб Тутунска банка сметка:
210-5016888493-95 на име Катерина Зафирова
Цел на дознака: донација за лекување
И уште нешто, возете внимателно, вашето задоволство од брзо возење за некого е пекол и болка која не се заборава…
Заедно сме посилни,
Со љубов ,
Данче