Утрово по една недела, борбата за животот ја загуби Алит Абази, независниот кандидат за градоначалник на Кичево кој беше ранет во престрелка.
Абази по престрелката беше префарлен на скопските клиники каде докторите се бореа да ги санираат повредите, но за жал подлегна од здобиените рани.
Веќе починатиот Абази беше ранет на 27. минатиот месец во престрелка пред Судот во Кичево, во кој беа повредени три лица.
Убиецот на Абази веќе е во приведен и му е изречено 30 дневен притвор, а станува за лицето А.А. на возраст од 58 години од селото Горно Строгомиште.