Утрово Министерството за внатрешни работи (МВР) спроведе опсежна акција во која беа приведени 20 лица осомничени за давање нелегални субвенции.
Станува збор за државни службеници кои откако се приведени се изведен пред Судија на претходна постапка на распит во скопскиот кривичен суд. Тие се сомничат дека сториле злоупотреба на службена положба и овластување при распределба на земјоделски субвенции.
Од Обвинителството и полицијата за подетални информации најавија дека ќе откријат во текот на денот.