14.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Јанчев ќе се откаже од платата и службеното возило ако стане градоначалник на Кавадарци

Кандидатот за градоначалник на Кавадарци од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Митко Јанчев одржа прес-конференција на која изјави дека ако граѓаните на оваа општина му ја доверат довербата и го изгласаат, тој ќе се откаже од платата и службеното возило.

„Jавно се откажувам од  градоначалничката плата, јавно соопштувам дека нема да користам службено возило и службените обврски ќе ги извршувам со сопствено возило. Финансиските средства од градоначалничката плата ќе се префрлаат на донаторска сметка, ќе бидат наменети за хуманитарни цели и за решавање на социјални проблеми. Овој фонд за 4 години ќе изнесува 50.000 евра, а  распределбата на финансиските средства ќе ја врши тело  составено од социјални работници и истакнати хуманисти, а не јас“, истакна Јанчев.

Тој додаде дека по овие два основа, буџетот на општина Кавадарци ќе заштеди околу 150.000 евра за период од четири години.

„Парите на граѓаните ќе се трошат одговорно, наменски и според реалните потреби на граѓаните. Ве уверувам дека секој Ваш денар, Вашите даноци и такси уплатени во општинскиот буџет, со мене како градоначалник, ќе имаат поголема вредност. Не случајно моето мото е „КАВАДАРЦИ НА ПРВО МЕСТО“, нагласи Јанчев.

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави