23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Полицаец од Кавадарци откако ќерка му не положила, ја претепал комисијата за полагање

Во текот на вчерашниот ден во Кавадарци се одвивала вистинска драма откако полицаец, незадоволен од тоа што ќерка му не положила испит за возачка дозвола, ја претепал комисијата.

Имено осомничениот бил пријавен во 13. ч часот во Полициска станица Кавадарци , од С.Н.(41) од Кавадарци вработена како Претседател на испитен центар во „Здружение на возачи“-Велес, и Ц.П.(34) од Неготино вработен како контролор за полагање на возачки испит при испитниот центар. Тие пријавиле дека околу 12,00 часот во службените простории на испитниот центар лоциран на ул.„Тиквешко Востание“-Кавадарци, додека извршувале работни задачи, неповикано дошол Ј.К. (полициски службеник во Полициска станица Кавадарци во цивилна облека) и почнал да упатува закани кон С.Н., поради тоа што неговата ќерка не го положила возачкиот испит. Ј.К. пред да излезе од канцеларијата упатил сериозни закани кон С.Н. и Ц.П., дека ќе ги убиел со пиштол нив и останатите од комисијата, доколку неговата ќерка не го положи возачкиот испит, по што излегол од канцеларијата.

Но ова не било се, за кратко време повторно влегол внатре и физички ги нападнал С.Н. и Ц.П.  но истите заедно со нивната колешка М.И. успеале да го отргнат и изнесат Ј.К. во ходникот, каде истиот почнал да упатува закани дека ќе оди да го земе пиштолот со кој ќе ги убие.

Од МВР информираат дека по превземени мерки од Ј.К. со потврда за привремено одземени предмети, му е одземено  службеното оружје и муниција. Против истиот ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело “насилство” по чл.386 став 3 од КЗ на РМ. За настанот запознает e Одделот за внатрешна контрола, криминалистички работи и професионални стандарди кои преземаат соодветни мерки.

поврзани објави

Последни објави