3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

„Тајм“: Мажите поголеми масовни убијци со огнено оружје

Изданието на американскиот весник „Тајм“ има свое истражување кое открива дека од 1996 година, до денес, во САД се случиле повеќе од 134 масовни убиства со огнено оружје, а речиси 98 отсто од нив се извршени од страна на мажи.

Весникот вели статистиката не е многу поразлична и кога станува збор за “обичните“ убиства. Во текстот објавен на „Тајм“ причината за ваквата статистика се бара во тоа што компаниите кои продаваат оружје, во рекламите речиси исклучиво им се обраќаат на мажите, а и во тоа што поседувањето оружје се поврзува со мачо статусот на мажите.
Интересно е и дека белците во САД поседуваат повеќе оружје од црнците, а т.н. „суперсопственици“ во најголем дел се бели, конзервативни мажи. Меѓу американските мажи кои поседуваат најмалку пет парчиња огнено оружје, повеќе од половина тврдат дека поседувањето оружје им е „многу важно“ за нивниот идентитет.

Весникот заклучува дека стереотипот, според кој „Американците се опседнати со оружје“, не е целосно точен. Поправилно би било да се каже дека во САД постои супкултура опседната со оружје, а таа е мнозински бела, мнозински машка и мнозински конзервативна.

поврзани објави

Последни објави