Раководители на сектори во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и помошници назначени како претседатели на
Комисии за одлучување по јавни огласи за давање под закуп на државно земјиште се меѓу осомничените и приведени во утринската акција на МВР и ЈОРМ за злоупотреба на службена положба при склучување договори за закуп на земјоделско земјиште и за субвенции.
МВР информира дека од слобода се лишени Ѓ.Д. (55) од Скопје, помошник на раководител на Сектор за меѓународна соработка во МЗШВ, В.С. (33) од Тетово, помлад соработник за водење на договори на земјоделско земјиште во Одделение за регистрирање на земјоделско земјиште – Сектор за регистрирање, управување и продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост во МЗШВ, М. В. (37) од Гевгелија, соработник за подготовка, прибирање и обработка на податоци од Регистрите на МЗШВ во подрачна единица Гевгелија,, Г. М. (33) од Валандово, соработник за подготовка, прибирање и обработка на податоци од Регистрите на Министерството во П.Е Валандово, Е. О. (39) од Богданци, Државен инспектор во Државен инспекторат за земјоделство, В.С. (30) од Скопје, референт за административни работи во Подрачна Единица Кисела Вода на МЗВШ и С. П. (53) од Гевгелија, виш соработник за собирање,класифицирање и административна контрола на податоците од Регистрите на МЗШВ во ПЕ Гевгелија.
Прочитајте повеќе за оваа вест овде: www.standard.mk