Еуростат објави податоци за економскиот раст на земјите од Европската унија. Според податоците сите земји на ЕУ известуваат за економски раст, што не се случило од долго време. Според овој индикарор соседна Бугарија се наоѓа на четвртата позиција во ЕУ. Меѓу првите пет земји се наоѓаат уште Малта, Ирска, Романија и Шпанија. Бугарија остварила раст од 3.9%. Романија го подобрила својот раст за 4,8%. Малта прворангирана со 5,5 отсто. Втора е Ирска (5,1%). Потсетуваме дека екононскиот раст на Исланд минатата година изнесуваше 7,2%. Најмал економски раст е пријавен од страна на Грција и Италија, под 1%.