11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Горан Пандев: Италија е фаворит, но ние ќе ја чекаме нашата шанса

Горан Пандев е капитен, но и најголема ѕвезда во македонската репрезентација, а тоа посебно се истакнува кога нашиот национален тим гостува во Италија. Во оваа земја нашиот интернационалец ги оствари своите најголеми успеси, а во моментов го носи дресот на Џенова.

Пандев денеска од Торино порача дека Македонија влегува со свои очекувања и доколку ги повтори игрите од последните натпревари, тој и колегите од репрезентацијата можат да се надеваат на добар резултат.

– Очекуваме тежок натпревар, сакаме да играме добро како на претходните две средби од овие квалификации. Италија е фаворит, но ние сакаме да ја играме нашата игра, да отвориме добро и да се одбраниме.

– Со наша добра игра можеме да извлечеме добар резултат, на некој начин Италија се „извлече“ во Скопје. Имаме три четири играчи кои играат во Италија, знаеме каде се најсилни, кои им се слабите страни, наше е да го одиграме своето. Противникот располага со една од најдобрите одбрани во Европа, но треба да ја чекаме нашата шанса, можеби нема да имаме 10 зицери, но би требало да се избориме за да две три добри шанси и да ги искористиме.

Извор: www.derbi.mk

поврзани објави

Последни објави