23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Илчо Захариев: Во нашата програма приоритет се инвестициите во културата

 

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип, Илчо Захариев на денешната прес-конференција потенцираше дека во неговата програма приоритет се и инвестицијата во културата. Тој забележа дека во изминатите години во штипско Ново село се изгради Музејот на истакнати личности од Ново село и штипскиот регион, потоа беа обновени неколку стари куќи во оваа населба и една на булеварот „Гоце Делчев“.

– Куќите во Ново село ќе бидат целосно обновени, доколку Министерството за култура одбие да финансира во Штип, тоа ќе го направиме ние, како локална самоуправа со нашиот локален буџет, ќе ги обновиме куќите на булеварот „Гоце Делчев“, ќе инвестираме во нашите културни институции, рече Захариев.

На тврдината „Исар“ на времето се направија голем број објекти, кои го нагрдија најзначајниот дел од нашата историја. Историјата на нашиот град е тврдината „Исар“, ќе треба да ја реставрираме и да ја обновиме на исти принцип како што е направена Самоиловата тврдина во Охрид. Секое дополнително нагрдување ќе го спречиме со сите наши сили, рече Захариев.

поврзани објави

Последни објави