7.8 C
Skopje
Wednesday, February 28, 2024

Барса поради празниот Камп Ноу изгубила “богатство“

 

Натпреварот во шпанската Ла Лига помеѓу Барселона и Лас Палмас кој се играше на Камп Ноу минатата недела се најде во центарот на вниманието на европските медиуми.

Земајќи го во предвид фактот што на ист на ден се одржуваше референдум за независноста на Каталонија стадионот на Барселона од безбедносни причини беше празен и затворен за навивачите.

Фактот што немаше публика поприлично го чинеше каталонскиот великан. Изгубија дури 3,4 милиони евра поради натпреварот зад затворени врати, што реално е голем губиток, па дури и кога е во прашање богат клуб како Барселона.

Сепак, безбедноста е на прво место. Нередите на улиците на овој начин не беа пренесени на трибините на Камп Ноу.

Во случај Каталонија да се одвои од Шпанија и да стане независна, Барселона најверојатно би имала сериозни последици. Тие добиваат огромни суми на пари за ТВ права, па овие три милиони евра се вистинска ситница во однос на потенцијалните загуби на клубот во иднина.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -