2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ФОТО: Како помина „Македонски Блесок – 13“

Армијата на Република Македонија (АРМ) денес ја заврши теренската вежба „Македонски Блесок-13“, која во најголем дел се одвиваше на полигонот Криволак.

Како што беше истакнато при иницијалното соопштување на оценките на командантите на декларираните единици од страна на набљудувачите и директорите на оценувањето, сите предвидени активности согласно листата на инциденти се извршени на највисоко професионално ниво, а официјалното известување ќе биде доставено дополнително од страна на НАТО.

За време на вежбата, единиците на АРМ кои се оценуваа извршуваа комплексни и сложени борбени задачи согласно листата на инциденти зададени од страна на оценувачкиот тим при што беа оценети во пет различни области: планови, операции, логистика, врски и администрација.

 

Притоа беа демонстрирани процедури при обезбедување на база, кордон и пребарување, реакција на заседа, пешадиски напад на база, борбена патрола, инфилтрација и ексфилтрација со хеликоптер Ми-17, патролирање и воспоставување на контролна точка, формирање на мобилна контролна точка и други.

Декларираните единици на АРМ вклучително и спбг, во претходните оценувања добиваа највисоки оценки согласно концептот за оперативни способности на НАТО, што го потврдува високото ниво на борбената готовност за ангажирање во НАТО – предводените операции.

По завршеното оценување, единици од состав на спбг во понеделник ќе изведат тактичка вежба со боево гаѓање „Засилен пешадиски баталјон во напад“ на која ќе го демонстрираат нивото на обученост за извршување на борбени задачи.

 

поврзани објави

Последни објави