Почитувани,
Се наоѓаме кај оградата на мостот Слобода, на која заедно со осветлувањето, Коце Трајановски потроши над два милиони евра, пари на граѓаните! За оградата на мостот Гоце Делчев Коце Трајановски потроши повеќе од половина милион евра, пари на граѓаните! А па на несреќно наместените и непропорционални лавови, на краевите на истиот мост, Коце Трајановски потроши над 2.6 милиони евра. Тоа значи дека само на овие два моста Коце Трајановски и Никола Груевски преку општина Центар, потрошиле повеќе од пет милиони евра, пари на граѓаните. Дали тоа ви личи на рамномерен инфраструктурен развој? Дали тоа ви личи на планско и ефикасно трошење на буџетските средства? Не. Додека нашето Скопје, се гуши во смог, додека едни делови од градот, пливаат во кал, а други немаат постојано водоснабдување, Коце Трајановски потроши милиони евра граѓански пари, само за да ги задоволи личните хирови и лукративните потреби на својот партиски идол Никола Груевски.
Нив не ги интересираат реалните потреби на граѓаните, нив ги интересирало и интересира само личното богатење преку, прескапо наплатениот барок, направен од евтин стиропор.
Затоа драги мои, јас сум уверен дека граѓаните уште еднаш да ги казнат криминалните политики на Никола Груевски. Граѓаните ќе го казнат корумпираното и расипничко владеење на Коце Трајановски, на 15ти октомври ќе ја завршат промената. Ќе изберат градска администрација, која ефикасно ќе ги троши нивните пари и која ќе ги насочи во мерки, кои ќе донесат живот за сите во Скопје.