-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Аце Коцевски на вработените во својата фирма не им исплаќал минимална плата која е загарантирана со закон

Утров ВМРО ДПМНЕ одржа прес-конференција на која говореше членот на ИК, Славче Трпески, а тема беше кандидатот за градоначалник на Општина Велес од редовите на СДСМ, Аце Коцевски.

„Почитувани,

Милионерот и вечен кандидат за градоначалник на Велес, господинот Аце Коцевски преку својата фирма на вработените им давал мизерни 9.590 денари плата.

Човекот за кој медиумите известија дека остварил над 2 милиони евра приход во изминатите четири години на своите 40 работници во неговата АФИОН ДООЕЛ не им го исплаќал ниту минималецот кој им бил загарантиран со закон.

Тој не се воздржува во медиумите да зборува за платите на вработените во странските инвестиции, но никаде го нема да каже дека во неговата милионска фирма во 2015 година на работниците не сакал да им ја додели ниту минимална плата.

И додека на вработените во неговата АФИОН ДООЕЛ во 2015 година тој им исплаќал мизерни 9.590 денари плата на своето конто како чист профит тој си остварил над 2 и пол милиони денари. За себе над 2 и пол милиони денари, а за работниците ниту минималец!

Ете овој Аце Коцевски денес е повторно, по петти пат, кандидат на СДСМ за градоначалник на Општина Велес. Милионер кој за многу кратко време и по многу индиции на сомнителен начин натрупал богатство преку својата фирма која ја основал само 8 месеци по завршување на неговиот втор градоначалнички мандат.

И наместо јавноста од вечниот кандидат за градоначалник, Аце Коцевски да добие одговор за објавените скандалозни податоци поврзани со неговата милионска фирма тој излегува со закани. Наместо отчетност пред граѓаните тој со тужби им се заканува на медиумите.

Господине Коцевски, вие имате морална обврска да излезете пред јавноста и да дадете објаснување за сите објавени сомнителни податоци и документи каде што стои вашето име.

Вие господине Коцевски барате доверба од граѓаните. Довербата не се заслужува со игнорирање, молк и закани“, истакна Трпески.

поврзани објави

Последни објави