10.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да функционира во фер и регуларни услови

Социјал демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) утрово во јавноста лиферуваше соопштение во кое го прозва ВМРО – ДПМНЕ, а во кое се вели следново:

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не знае и не може да функционира во фер и регуларен изборен процес, па затоа не може да престане со ширење лажни вести. Времето на злоупотреба на државните ресурси, партизацијата на институциите и нивно претворање во ВМРО-МВРО заврши со заминувањето на Никола Груевски во опозиција. Денес, државните институции работат слободно, професионално и се посветени на спроведувањето на фер, демократски и слободни избори.

Владата предводена од СДСМ, премиерот, министрите во владата и сите останати државни функционери не користат државни ресурси за изборната кампања.

Залудни се празните обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ, институциите ќе овозможат фер, слободни и демократски избори на кои граѓаните ќе стават крај на криминалното, неспособното расипничко владеење на ВМРО-ДПМНЕ“, стои во дописот од СДСМ.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -