Утрово на автопатото Скопје-Тетово кај Желино се случи сообраќајна несреќа во која автомобил од марката Порше Панамера излета од коловозот и се заби во дрвата кај патот.
Иако се уште нема детални информации, се претпоставува дека до несреќата дошло поради неприлагодена брзина при условите на патот ако се земе предвид дека коловозот е влажен.
Нема информации за тоа дали возачот е повреден, но сигурно е дека има материјална штета на возилото која допрва треба да се утврди.