3.8 C
Skopje
среда, декември 10, 2025
spot_img

Језиво: Пронајдена главата и нозете на убиената новинарка од Шведска, во торба

spot_img

Данската полиција утрово соопшти дека е пронајдена главата и двете нозе на убиената новинарка од Шведска, Ким Вал која во август умре под мистериозни околности во подморница на дански конструктор.

Нејзината глава е пронајдена во торба во која биле и двете нозе, информација кој ја соопшти инспекторот на полицијата во Копенхаген, Јенс Молер.

Ким Вал која беше искусна новинарка на 10. август влегла во подморницата на „Наутлис“ со Питер Мадсен, дански конструктор и сопственик на подморницата, со намера да направи репортажа.

Телото на новинарката беше пронајдено 11 дена после потопувањето на подморницата на брегот на данскиот остров Амагер, во језива состојба, без глава и нозе.  Мадсен први тврдеше дека Вал настрадала несреќно кога метален поклопувач тежок 70 килограми и паднал на главата, па потоа ја закопал во морето. Секако полицијата не му поверува на исказот, па го приведе и обвини за убиствов.

поврзани објави

Последни објави