Универзитетската клиника за трауматологија и ортопедски болести половина ден нема електрична енергија.
Ваквата инфомација за „Фокус“ ја потврди и новиот директор на Клиниката за ортопедија Виктор Камнар, кој истакна дека добиле информација дека до 14 часот ќе немаат електрична енергија.
Директорот Илир Хасани, пак потврди дека за денеска е планирано исклучување на стријата, со цел да се извршат одредени поправки.
– Тоа е планирано за сабота, кога има помала фреквенција. Писмено е најавено дека ќе нема струја, а таму кај што нема струја се работи на генератор – истакна доктор Хасани.
Извор: www.skopje24.mk