Жозе Мурињо никого не го остава рамнодушен. Тренерот на Манчестер Јунајтед е навикнат да живее и работи во тешки услови, а најдобро функционира кога е во центарот на вниманието.
Од кога пристигна во Јунајтед, тој се воздржува од своите вообичаени лути коментари, но и понатаму е тренер од кој може да се очекува она најлошото и најдоброто во иста сезона. Иакозамина од Реал Мадрид во 2013. година, Португалецот и понатаму следи што се случува во соблекувалната на кралскиот клуб.
Лука Модриќ од пристигнувањето во Мадрид секогаш зборуваше дека е највеќе благодарен на португалскиот стратег. Хрватскиот репрезентативец потпиша за шпанскиот клуб поради желбата на португалскиот стратег токму Модриќ да биде тој кој ќе го управува средниот ред во тимот.
Притисокот на големи договори и потпишувањето во последните моменти од преодниот рок, го спречија Модриќ да го оствари својот максимум под водство на Хосе. И покрај тоа, португалскиот тренер му веруваше и тие и ден денеска се во контакти и добри односи. За Мурињо довербата е многу важен елемент во односот со играчите и го смета Модриќ “за еден од своите“. Поради тоа тој одржува контакт со него и преку него ја дознава целата ситуација и сите новонастанати состојби во соблекувалната на Реал, тврди Diario Gol.
Зинедин Зидан успеа да го балансира егото на големите ѕвезди во соблекувалната на кралскиот клуб, но добро му се приговара дека од кога ја превзема клупата на Реал фавовиризира одредени играчи.
https://www.youtube.com/watch?v=725NhwVp2MI
Французинот има наклонетост кон своите сонародници Бензема и Варанеѕ, а некои играчи токму тоа му го сметаат како “маана“. Бејл е уште еден фактор поради кој постојат несогласувања во соблекувалната на Реал, и токму поради тоа Мурињо се обидува да го искористи тоа како би успеал да го купи Велшанецот под цената која ја сака Флорентино Перез. Португалскиот стратег по некои извори и пишувања во медиумите таквите информации ги добива токму од Лука Модриќ.