7.8 C
Skopje
Wednesday, February 28, 2024

Македонците и Бугарите се братучеди кои се скарале поради дедовците

Продуцентот Андреј Арнаудов во репортажа за Бугарската БТВ беше во Скопје каде што разговараше со вицепремиерот Кочо Анѓушев, претседателот на МБП Петар Колев, но и со државјани на Република Македонија за односите меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

 

На прашањето „Kој според Вас е најблизок сосед на Република Македонија од Балканот“ македонските државјани одговорија дека Бугарија и бугарскиот народ се најблискиот сосед на Македонија.

Вицепремиерот Кочо Ангушев изјави дека можеби има мешани чувства за односите меѓу Македонија и Бугарија, но нагласи дека Бугарија ја цени како пријателска држава и дека се надева дека Бугарија како држава и бугарскиот народ ќе бидат добри пријатели во иднина.

Претседателот на МБП Петар Колев вели дека Македонија и Бугарија некако како да се оддалечиле во минатото.

„Ние сме како едни први братучеди кои се скарале поради своите дедовци, но и едните и другите длабоко во себе знаат дека се роднини и тоа многу блиски роднини“, вели Колев.

ВИДЕО ОД РЕПОРТАЖАТА на следниот ЛИНК – Каква е Македонија во 2017

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -