Првиот снег во Македонија пред неколку дена ни стигна на Попова Шапка, а во текот на изминатата ноќ снежна покривка се појави и на Кожув.
Снегот на повисоките места кој го најавија синоптичарите, на планината Кожув започнал да паѓа синоќа околу 21 часот, и за кратко време оформил снежна покривка.
Од одморалиштето „Михајлово“ информираат дека се оформила снежна покривка од 2-3 сантиметри, но денешното сонце го растопило снегот, па сообраќајот до излетничкото место се одвива без никакви проблеми.