23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Запленет над еден тон кокаин!

Полицијата во Еквадор информираше дека во петок запленила 1.2 тони кокаин која била спакувана во материјали за прочистување вода (хлор).

Бродот кој го пренесувал кокаинот е фатен во моментите кога се спремал да отплови за Мексико, соопшти денес Министерството за внатрешни работи на Еквадор.

До откривање на дрогата дошло благодарение на кучиња кои што ја нашле. Еквадорската полиција може да се пофали дека годинава запленила речиси 60 тони дрога наменети за меѓународна трговија.

 

 

 

поврзани објави

Последни објави