1.8 C
Skopje
среда, декември 10, 2025
spot_img

Аргентина го комплицира животот на Меси и Барселона

spot_img

 

Аргентинците не се единствените кои гризат нокти за време на натпреварот пред крајот на квалификациите за Светско првенство. Во Барселона исто така се загрижени и се грижат и следат се што се случува и се што е поврзано за Светското првенство. Зошто? Поради Лионел Меси. Постои можност Аргентина да воопшто не избори пласман во Русија, што би значило дека Меси нема да го гледаме на негов евентуален последен настап на Светско првенство. Исто така, можно е Гаучошите да обезбедат директен пласман, а извесен е и настап во баражот. Всушност, оваа последна опција може да донесе нови главоболки, првенство во Барселона, земајќи го предвид фактот што Аргентинците во тој случај би играле со Нов Зеланд. Што се однесува до Каталонците, во тој случај Меси би можел да го пропушти натпреварот со Севиља, бидејќи натпреварите со Нов Зеланд ќе бидат на 8. ноември во Велингтон и 15. во Буенос Ариес. Барселона на 31. октомври има и натпревар во Лигата на шампионите во Атина, така да за само 15 дена Меси и Хавиер Маскерано ќе го прелетаат речиси целиот свет.

поврзани објави

Последни објави