11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Децата со посебни потреби во општината Ѓорче Петров добиjа лични асистенти

Во општината Ѓорче Петров, децата со посебни потреби во основните училишта добија четиричасовна асистенција во текот на наставниот ден.

Во текот на целата работна недела, 15 лични асистенти, ќе им помагаат на учениците полесно да се движат низ училиштата, ќе нудат помош при користење на материјалот во текот на наставата и при извршување на сите училишни обврски.

Асистентите, се очекува да им го олеснат процесот на интеграција и да остварат подобар успех при совладување на наставниот материјал, како и зголемување на свесноста на другите ученици за потребите на децата со попречености. Меѓудругото, образовните асистенти ќе има помогнат на децата со посебни потреби во прилагодување на наставната содржина во соработка со наставниците, согласно индивидуалните образовни потреби на ученикот, подготвување на материјали за учење, насочување на вниманието во текот на часот, со цел усвојување на предвидената содржина, манипулативни активности како пишување, цртање, сечење, моделирање доколку е потребно и одржување на комуникација и социјална интеракција меѓу ученикот и соучениците.

Проектот започна на 2 октомври и ќе трае до крајот на учебната година, а асистентите што ќе работат на проектот ќе примаат месечен надоместок од 6.200 денари. Во општината Ѓорче Петров беше организирана неколкудневна обука на асистентите за запознавање со децата, наставниот кадар, училиштето и опкружувањето.

Проектот „Образование без пречки“ го спроведува општината Ѓорче Петров , во соработка со УНДП и Агенцијата за вработување, а се имплементира во сите шест основни општински училишта.

поврзани објави

Последни објави