11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Меси си оди од Барселона во јануари?

Лионел Меси е на пат да ја напушти Барселона, за време на јануарскиот преоден рок, јавија познати шпански и британски медиуми. Goal.com се повикува на AS, каде беше објавена информација дека Манчестер Сити е подготвен да понуди 400 милиони евра на Барселона за да го купи најдобриот играч на Каталонците. Потсетуваме дека Меси се уште нема потпишан официјален договор за продолжување на својата кариера во шпанскиот гранд.

 

Познато е дека поранешниот тренер на Барселона Пеп Гвардиола, одамна сака повторно да работи со најдобриот играч на денешницата, а таа негова желба може да се оствари уште во јануари. После астрономскиот трансфер на Нејмар од Барселона во Парис Сен Жермен за 222 милиони евра, беа срушени сите илузии дека фудбалската индустрија познава граници. Токму поради таа причина нема да биде големо чудо ако го видиме Меси како го облекува дресот на „Граѓаните“ од Манчестер во следниот трансферен рок.

поврзани објави

Последни објави