23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Ахмети и Заев одат кон заеднички консензуален претседател на Македонија

Идниот кандидат за претседател на Македонија може да биде договорен од актуелните владините партнери Зоран Заев и Али Ахмети, објавува порталот „Post.mk“ кој цитира неименувани високи функционери од СДСМ и од ДУИ.

Според порталот по договорот за меѓусебна соработка меѓу СДСМ и ДУИ, за некои општини, за локалните избори на 15 октомври, заеднички или консензуален кандидат за претседател на државата е наредниот чекор за кои Заев и Ахмети ќе договараат соработка.

Изворите на порталот од двете партии ги потврдуваат овие позиции но не даваат детали за конкретната соработка.

За можноста земјата да добие консензуален кандидат за претседател зборуваше и лидерот на ДУИ Ахмети на митинг во Преспа  каде најави дека би било добро таква соработка како за локалните избори  да има и за изборите за шеф на државата.

„Соработката е поврзана со поддршката која СДСМ ќе му ја даде на ДУИ во Чаир, Тетово, Гостивар, Кичево, додека ние за Град Скопје и Куманово. И не само тоа. Сакаме да почнеме да подготвуваме простор за во иднина да имаме и заеднички претседател, консензуален, прифатлив за двете страни, страни кои претставуваат и имаат легитимитет, како од албанската заедница, така и од македонската, да се согласат за заеднички претседател на државата“, изјави Ахмети

поврзани објави

Последни објави