3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Димитров во Европскиот Парламент бара преговори за членство

Македонија мора да направи исчекор во евроинтеграциите побара шефот на макеоднската дипломатија Никола Димитров од европратениците во денешната дебата во комисијата за надворешна политика во европарламентот.

Прв чекор треба да биде отстранување на условената препорака.

Спорот за името судејќи според обраќањата на грчките европратеници и натаму ќе биде главната блокада за македонските евроинтеграции, иако по потпишувањето на договорот за добросоедство со Бугарија тие останаа осамени во ирационалните барања.

Димитров во одговорите појасни дека Грција и Македонија се во процес на подготовка на продолжување на преговорите за спорот за името.

Шефот на македонската дипломатија појасни и дека е важен процесот на помирување и создавање национален консенсус за евентуалното решение кое ќе се најде на референдум.

Извор: Сител

поврзани објави

Последни објави