Таканаречениот Фифа вирус најде и нова жртва, Садија Манеа, репрезентативец на Сенегал и фудбалер на Ливерпул.
Мане е повреден во текот на натпреварот кој го играше неговата репрезентација, па во финишот на истиот мораше да биде заменет бидејќи очигледно стануваше збор за сериозна повреда.
Како што јавуваат медиумите, Мане ќе паузира дури шест недели поради повреди на тетивите, што ќе го разбесни тренерот на Ливерпул Јурген Клоп.
Мане е еден од клучните играчи на Ливерпул оваа сезона, а првиот натпревар кој ќе го пропушти е со Манчестер Јунајтед, кој се игра во сабота.