6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски: Имаме соништа и визија, ветуваме ера на најниски даноци и поголеми плати

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски денеска на митинг во општина Гази Баба им се обрати на граѓаните и рече дека од моментот на одлучување, зависи по кој пат ќе тргне Македонија во иднина.

Ние размислуваме 10 години однапред. Имаме соништа, имаме визија, имаме храброст, љубов и вера. Ја имаме новата ера. Тоа е нашата главна разлика и квалитет од другите. Ние ја нудиме новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица. Нова ера на двојно намалена невработеност кај младите и поголеми можности за стекнување со сопствен дом, рече Груевски.

Тој вети и 2,5 пати повисок приход по жител, но и 2,5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, водоводи, болници, канализации, училишта, улици, паркови.

– Ветуваме нова ера на најниски даноци, поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера во која во секоја општина во државата, вклучително и во Гази Баба учениците од прво до петто ќе имаат бесплатен здрав оброк на училиште, потенцира Груевски.

поврзани објави

Последни објави