11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Лудилото во Јужна Америка не смеете да го преспиете

 

Ноќта вторник спрема среда ќе дознаеме кои се новите учесници на Светското првенство во Русија. Во Јужна Америка се играат натпреварите од последното коло на квалификациите и може да се случи баш се.

За сега се познати 17 учесници на Светското првенство, а единствен сигурен учесник од Јужна Америка е Бразил, кој вечерва го дочекува Чиле, додека и Уругвај треба да го потврди доаѓањето на СП.

Од 1:30 часот по полноќ ќе започне вистински фудбалска лудница во неколку јужноамерикански земји, бидејќи повеќето од нив мораат да обезбедат или бараж или сигурно заминување во Русија.

Најтешко и е на Аргентина, иако во своите редови го има Лионел Меси, Игуаин, тие имаат тешка задача. Вечерва им е потребна сигурна победа на еден од најтешките натпревари на гости, во Еквадор, на 2.850 метри надморска висина, на кој Аргентина не славела 16 години.

Еквадор нема теоретски шанси како ниту Боливија или Венецуела, но не грижете се – ќе направат се за да ја запрат Аргентина.

Аргентинците со победата одат сигурно на Мундијалот или барем во бараж, доколку во некои луди калкулации може и со реми до 4. или 5. место, но тоа зависи од останатите резултати.

Победа на Аргентина во Еквадор нема да биде доволна доколку Чиле победи во Бразил, а Колумбија во Перу. Исто така, победа не вреди ниту доколку Пери ја совлада Колумбија со поголем резултат од оној со кој Аргентина би го добила Еквадор.

Во случај да биде реми, на аргентинците не им одговара Парагвај да победи, Чиле да победи или одигра нерешено или изгуби минимално, како и реми на Колумбија и Перу.

Доколку со пораз сака да помине понатаму, Аргентина мора да навива за Парагвај да победи дома, Колумбија да го совлада Перу со поголема разлика од онаа со која Еквадор евентуално би ја победил Аргентина.

Во вечерашните натпревари се среќаваат Бразил и Боливија, Еквадор и Аргентина, Парагвај и Венецуела, Перу и Колумбија, потоа Уругвај и Боливија.

Моментално првопласиран е Бразил со 38 бодови, Уругвај има 28, Чиле 26, Колумбија 26. Тоа се селекциите кои за сега имаат обезбедно сигурно учевство на СП.

поврзани објави

Последни објави