3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Отворено писмо до градоначалникот во заминување Илчо Захариев

Отворено писмо до градоначалникот во заминување Илчо Захариев

Почитуван Илчо Захариев, уште неколку дена градоначалник на општина Штип. На почеток да ве пофалам што сте се охрабриле или Ве посоветувале дека треба да се појавите на дебата после долгогодишна апстиненција од овој демократски чин со кој очигледно бевте сериозно скаран изминатите четири години, со што оставивте каков таков простор кампањата да си ја наречете демократска.

Убаво е тоа што се појавивте на дебата, соочување или дуел во емисијата ‘’Само вистина’’ на Канал 5, но изгледа не ви кажале, советувале, воочиле дека еден дуел за да е успешен не треба да се однесувате како да сте на сред село на чешма и да мафтате со прстот со индиции дека го карате против кандидатот. Но господине Захариев за само 24 часа не се појавивте во 24 Отворено на Телевизија 24, одлучете се. Демократ сте или не сте?!  Или сте разочаран од претходниот дуел па сметате дека не ви е потребен уште еден дебакл?

Малку бесплатни совети не се на одмет. Сепак е кампања да Ви помогнеме.

Она што ме испровоцира да го напишам ова писмо до Вас е еден дел од Вашиот настап каде безобразно се дрзнавте без трошка срам да ја споменете мојата партија, моето членство и мојот лидер. Партијата е ВМРО-Народна партија, членството е најврмровско, изворно идеолошко, истрајно, верно и дисциплинирано. Лидерот е Љубчо Георгиевски.

Господине градоначалник Вие сте биле дел од нашата партија, но напуштајки ја во моменти од круцијално значење за нејзината иднина, нејзиното делување за иднината на Република Македонија. Ја напуштивте ВМРО-Народна партија штитејки го Вашиот интерес а сите ние добро знаеме кој е тој. И затоа немате никакво право да ги повикувате членовите на ВМРО-Народна партија да гласаат и подршката да ви ја дадат Вам.

Зошто го зборувам ова господине Захариев? Затоа што во вашиот мандат од 4 години ниту еднаш не се сетивте дека постои членство, гласачи, симпатизери на ВМРО-Народна партија во Штип. Вашиот мандат помина со најголем игнорантски однос кон еден политички субјект во Штип. Во изминатите четири години се однесувате како во Штип да не постои никој друг освен Захариев, притоа нарцисоидно одлучувајки и донесувајки одлуки за нашиот град и нашата иднина.

Знаете ли г-не Илчо Захариев дека во ВМРО-Народна партија има членство, мои сопартијци, браќа, сестри кои далеку се по квалитетни и како индивидуи и како професионалци од оние со кој вие секој ден соработувате. Личности кои што можат, сакаат и се спремни многу да придонесат за градот кој што си го сакаат, сте прашале ли, сте пројавиле ли интерес, сте се сетиле ли на нив?  Ама ете Илчо сега пред избори се сетил на нив и ја бара подршката за да биде градоначалник и повторно да го уклучи копчето Ignore после 15 Октомври . Е нема да ја добиете подршката г-не Захариев.

А добро знаете и самиот дека токму гласовите на ВМРО-Народна партија во Штип се одлучувачки во битката за градоначалничката функција во градот под исарот.

ВМРО НП

Знаете ли г-не Илчо дека во ВМРО-Народна партија има минимум 10 души кои се по квалитетни од твојот директор ‘’Де потргни ја колата’’? Знаевте и сеуште знаете.

Свесни ли сте господине Захариев дека ние од ВМРО-Народна партија сме многу поразлични од вас од ВМРО-ДПМНЕ. Кај нас царува демократијата, кај нас царува љубовта кон Македонија и македонскиот народ. Кај нас владее разумот и разумните политички одлуки. За разлика од Вас и вашето членство каде што очигледно царува нешто друго.  И затоа ние од ВМРО-Народна партија нема да гласаме за вас.

Само да ве потсетам дека вашата политичка партија ВМРО-ДПМНЕ на сила го окупира, превзеде, присвои чествувањето на големиот водач на ВМРО, Тодор Александров. Си направивте партиско здружение, си го викнавте членството иако дел од нив немаа поим кој е Тодор Александров, на сила го превземавте чествувањето на Александров, притоа фрлајки го на маргините г-нот Зоран Костовски и луѓето кои зборуваа, се бореа, организираа, правеа СЕ за да не се заборави Тодор Александров и неговата спомен плоча, за во еден момент да создадете ситуација и црковните лица да не сакаат да служат на панихида организирана од наша страна. И затоа ние од ВМРО-Народна партија нема да гласаме за вас.

Заборавивте ли г-не Захариев дека вие сте чесниот добитник на ‘’наградата Златна Шајкача’’ од ВМРО-Народна партија? Токму вие г-не Захариев се сликавте со Бора Чорба примајќи подарок маица со српски обележја и промовирајки го српскиот шунд и турбо фолк притоа оставајки многу малку простор за македонските изведувачи и македонската музика на нашата Пастрмајлијада. Браво. Сте се сетиле на време па сте ја избришале сликата од интернет. ВМРО-Народна партија не подржува и не гласа за добитник на наградата ‘’Златна Шајкача’’.

Фото ТВ СТАР

Се согласувам со Вас, точно е Љубчо Георгиевски беше вреден премиер, водејки политика за доброто на македонскиот народ и македонската држава. Љубчо Георгиевски беше повреден премиер и од твојот премиер Никола Груевски, но ти сепак не напушти и премина во ВМРО-ДПМНЕ за лични интереси и придобивки. Затоа членовите на ВМРО-Народна партија нема да гласаат за вас и да ви ја дадат подршката вам. 

И за крај проверете да не сте згрешени на билбордите и плакатите. Зошто на нив многу наликувате на Бојко Борисов.

Ви посакувам уште 4 дена успешни градоначалнички денови.

Пишува: Дарко Пешевски

Авторот е политиколог и

Генерален секретар на УМС на ВМРО-Народна Партија

поврзани објави

Последни објави