Центарот за комуникации со јавноста на Социјал демократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) до јавноста лиферуваше соопштение по повод обвинувањата од ВМРО ДПМНЕ.
„Лажни вести се информациите пласирани во дел од медиумите блиски до Никола Груевски, вистината е дека исплатата на минимална плата веќе е во тек.
Со ребалансот на Буџетот обезбедени се средства за покачување на минималната плата.
Министерството за финансии веќе ја извршува исплатата на државната помош кон фирмите кои имаат законска обврска да исплатат минимална плата од 12.000 денари на своите работници, на начин предвиден со последните измени на законот за минимална плата.
Тоа значи дека сите работници во Република Македонија, почнувајќи од септември кои работат за минимална плата, ќе добијат плата од 12.000 денари.
Ниту една тенденциозна лажна вест нема да го сокрие фактот дека за месец септември, работниците ќе добијат повисока минимална плата, а фирмите ќе ја добијат државната поддршка што им следува по закон“, стои во дописот од СДСМ.