2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Тепачка на митингот на ВМРО ДПМНЕ во Шуто Оризари, едно лице во болница

Во текот на изминатиот ден, за времен на митингот на ВМРО ДПМНЕ во Шуто Оризари дошло до тепачка во насобраната маса народ, по која едно лице завршило во болница.

Имено на  ул. „Индира Ганди“ во населба Шуто Оризари,  на предизборниот митинг на ПП-ВМРО ДПМНЕ, лицето М.К.(17) движејки се низ масата се обидел да се качи на ѕид за да има подобар поглед, при што турнал друго лице со кое настанала расправија, по што и бил физички нападнат од неколку лица кои биле заедно со лицето со кое се расправал.

Малолетникот на крај завршило во Градска општа болница каде констатирани му се телесни повреди.

 

поврзани објави

Последни објави