3.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Мртов пијан со секира во рака се заканувал на минувачите низ Скопје

Скопјанец на возраст од 51 години, во текот на вчерашните попладневни часови направил вистинска драма низ улиците во Скопје.

Имено во текот на изминатиот ден околу 18.00 часот во Скопје на ул.“Јордан Мијалков“ А.Д.(51) од Скопје со секира во рацете им се заканувал на случајни минувачи, а во моментот кога Б.Ч.(40) го паркирал своето возилото, А.Д. со секирата се обидел да го повреди него и неговата сопруга М.Ч.(34) која била со нивното деветгодишно дете.

По интервенција на полициски службеници од Полициска станица Центар, А.Д. е совладан и приведен, извршено му е алкотестирање и констатирани се 1,78 промили на алкохол во крвта.

 

поврзани објави

Последни објави