Аргентина благодарение на фудбалскиот виртуоз Лионел Меси ќе игра на СП во Русија откако славеше со 1-3 против Еквадор. Меси постигна хет-трикот а по мечот изјави:
„Многу бев уплашен за тоа дали ќе се пласираме на СП. Тоа ќе беше катастрофа за Аргентина, за нас, за сите. Какво би бил тој Мундијал без нас. Го заслуживме овој успех поради сето она што го минавме. Губевме доста дуел и не беше лесно после тоа, но моравме да играме. Сето тоа нас не направи многу посилни“, искоментира Меси.
Така „Гаучосите“ се четвртата земја од Јужна Америка, покрај Бразил, Колумбија и Аргентина што ќе игра на Мундијалот во Русија.