-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Унгарија побара побрза интеграција на Западен Балкан во ЕУ и во НАТО

Унгарија сака Европската унија и НАТО да ја забрзаат интеграцијата на земјите од Западен Балкан, рече министерот за надворешни работи Пeтер Сијарто, цитиран од Ројтерс.

„Забрзувањето на процесот на приклучувањето е гаранција за безбедност“, рече Сијарто на прес-конференција со неговите колеги од Централна и Источна Европа и Западен Балкан.

„Нестабилниот и зафатен од тензии Западен Балкан претставува ризик за цела Европа. Ние имаме барања во овој поглед“, додаде тој.

Извор: Стандард

поврзани објави

Последни објави