7.8 C
Skopje
Wednesday, February 28, 2024

Меси – лидер на теренот, лидер во сооблекувалната: Еве како се славеше за пласманот на СП (ВИДЕО)

Светскиот вицешампион Аргентина со потешкотии успеа да се пласира на Мундијалот 2018. Тоа се случи благодарение на хет-трикот на Лео Меси при победата со 3:1 како гостин над Еквадор, која обезбеди визи на “гаучосите” за Русија.

По завршувањето на успехот Хавиер Маскерано објави интересно видео од соблекувалната на Аргентинците. На него целиот тим, на чело со петкратниот носител на Златната топка, пеат песни и го слават 3-то место во зоната “Јужна Америка”.

Аргентина ќе е водач во групата на Светското првенство, а ждрепката за него ќе се одржи на 1 декември во Москва. Светското првенство ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули 2018 година во единаесет градови – Москва, Санкт Петербург, Казан, Сочи, Нижниј Новгород, Самара, Волгоград, Ростов, Калининград, Екатеринбург и Саранск.

View this post on Instagram

Mas Unidos que nunca !!!!!

A post shared by Javier Mascherano (@mascherano14) on

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -