Легендарниот македонски музичар Влатко Стефановски и историчарот проф. д-р Амер Шериф, денес се здобија со државните награди „11 Октомври“, за животно дело во областа на културата, науката и образованието.
Стефановски изрази голема благодарност до неговиот колега Тони Китановски, кој заедно со Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип, го предложиле за едно вакво високо признание. Оваа награда е прва за Влатко Стефановски од ваков калибар.