6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Меј одби да каже дали и денес би гласала за Брегзит

Британската премиерка одби да каже, во едно интервју, дали денес би гласала за излегување на Велика Британија од ЕУ.

Тереза Меј вчера даде интервју за радиото Ел-Би-Си и беше прашана дали, во случај на нов референдум, би гласала за Брегзит.

«Не одговарам на хипотетички прашања», рече таа.

Премиерката, што во моментов ги води преговорите за Брегзит со ЕУ,подвлече дека во меѓувреме се смениле околностите:

«Барате да кажам како би гласала ако сега имаше референдум но контекстот е поинаков, како на меѓународен така и на економски план», рече таа.

«Искрена сум со вас. Минатиот пат убаво ги проучив фактите за да изградам став и на ист начин би постапила и сега ако е потребно. Но, нема да има нов референдум», тврди Меј.

Велика Британија преговара со ЕУ а неделава во Брисел се водеа клучни преговори за условите за разводот со ЕУ.

Нејзините политички колеги во земјата ја критикуваат дека не е доволно остра со Брисел за идните модалитети на Брегзитот. А во Брисел за неа велат дека е политички слаба во нејзината земја за да може да склучи договор со ЕУ.

Пред неколку дена група од 30 пратеници од нејзината конзервативна партија од неа побараа оставка. Нејзината политичка силуета бледнее пред се поради поразот на последните избори. Но овој момент, во сред преговори со ЕУ, Велика Британија не смее да си дозволи промена на премиер.

Извор: Нова ТВ

поврзани објави

Последни објави