3.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Нејмар има лукав план како да стигне до Златната топка

 

France Football пред неколку дена објави листа на 30 фудбалери кои се во конкуренкција да ја освојат Златната топка за оваа година. Многумина веруваат дека и оваа година ќе продолжи доминацијата на Лионел Меси и Кристијано Роналдо која трае веќе десет години. Највеќе шанси се даваат на Роналдо кој со Реал ја одбрани титулата во Лига на шампиони иако Меси е многу подобар на индивидуално ниво.

Но, постојат и такви кои се уверени дека оваа доминација може да биде запрена, но тешко дека некој трет ќе исплива на површина пред двете фудбалски легенди. За прекинување на оваа доминација најголеми шанси има Нејмар кој јасно призна дека сега главна цел му е освојување на Златната топка.

Француските медиуми објавија денеска дека бразилскиот напаѓач има лукав план како да дојде до Златната топка. Нејмар е свесен дека оваа година нема шанси, но се надева дека веќе наредната може да стане најдобар играч на светот Бразилецот сака со ПСЖ оваа сезона да освои се што може, и да го продолжи истиот ритам со Бразил.

Наредното лето се игра Светско првенство во Русија и целта на Нејмар е со Бразил да постане светски шампион. Најскапиот играч на светот е сигурен дека ќе дојде до Златна топка доколку успее да се спроведе овој план до крај. А, можеби е и време некој друг да дојде на тронот.

поврзани објави

Последни објави