3.8 C
Skopje
Saturday, November 30, 2024

ДИК започна со дистрибуција на доверливиот изборен материјал

Државната изборна комисија (ДИК) денеска започна со дистрибуција и предавање на доверливиот изборен материјал на општинските изборни комисии (ОИК) за локалните избори закажани за во недела.

По овој повод, денес во 9 часот во печатницата „Полиестердеј“ во Визбегово пред медиумите излезе потпретседателот на ДИК, Реџеп Прекопуца.

ДИК, согласно изборниот роковник, изборниот материјал ќе го предаде на ОИК најдоцна во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите, а ОИК е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал на ИО ( избирачките одбори).

Ќе се гласа на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши утре во 24 часот, по што следува предизборен молк.

 

поврзани објави

Последни објави